Нема среќа: Адеми повторно повреден го напушти теренот

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој ја носеше капитенската лента на Динамо вечерва во Супер-купот на Хрватска, мораше повторно да го напушти теренот со болки. Во вториот дел играчот од средниот ред доби удар по зглобот, по што побара замена.

Веднаш по напуштањето на теренот, можеше да се види Адеми разочаран и со мраз на зглобот на левата нога.

Адеми поради повреда не беше и на јунските натпревари за репрезентацијата на Македонија во Лигата на Нации. Лекарските прегледи ќе покажат дали и колку ќе паузира капитенот на „модрите“, и дали ќе може да игра во Лигата на шампионите, најверојатно против Шкупи во 2. квалификациско коло.

Се вчитува...