Нема „три од три“ за МЗТ Скопје: Сам се победи во последната минута од мечот со Младост (ФОТО)

Во последниот натпревар од АБА2 „балонот“ во Сараево, МЗТ Скопје не успеа да дојде до максимално три од три, доживувајќи пораз од Младост Земун со 75-82.

А, на една минута пред крајот на крајно неизвесниот натпревар МЗТ Скопје имаше предност од 75-72. Сепак противниците реализираа пет едноподруго поени за 75-77 на само 26 секунди до финишот. Во следниот напад Олуџоби погреши кај македонскиот тим, а во последните секунди Младост со нови поени заокружи за конечни 75-82.

Претходно, се играше во „топло-ладно“ стил низ претходните три четвртина со израмнет резултат и предност од 37-30 за МЗТ Скопје на полувремето.

Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Олуџоби со 18 поени, а 14 поени постигна Мекиќ. Во победничкиот тим се издвои Милосављевиќ со 17 поени.

„Металците“ по оовој пораз останаа на шест победи и сега со четири порази на четвртото место. На врвот од табелата се Студентски центар со девет победи и еден пораз и Борац Бања Лука и Спарс кои имаат по седум победи и три порази.

Се вчитува...