Нема утка: Мурињо именуваше еден тренер кој ќе биде врвен и не згреши

Жозе Мурињо е добро познат дека нема влакна на јазикот кога нанесува критики во јавноста, но полека станува и добро познат по предвидувањата. Португалскиот стартег ја предвиде иднината на Дели Али, говореше дека Марсијал и Погба не се квалитет за Манчестер Јунајтед, за жал го предвиде и падот на Хазард, а сега одново стана хит на социјалните мрежи со изјава од пред пет години.

Мурињо во интервју беше запрашан кој млад стратег може да прерасне во врвен стручњак, а Португалецот го именуваше Чаби Алонсо кој направи сензација со Баер Леверкузен освојувајќи ја шампионската титула во Бундеслигата и тоа на доминантен начин, без пораз во досегашниот дел од сезоната.

„Ќе кажам Чаби Алонсо. Неговиот татко беше тренер и тој има израснато слично како мене. Израснал со татко кој играл фудбал и кој бил тренер. Потоа стана топ играч, многу подобар од што бев јас. Исто така неговото фудбалско знаење и неговата позиција на теренот беа многу добри.

Играше во Шпанија, Англија и Германија. Беше трениран од Гвардиола во Баерн Минхен, од мене во Реал, од Анчелоти во Реал и од Бенитез во Ливерпул. Ако го составите сето тоа заедно, сметам дека Чаби има извонредни предиспозиции за да биде многу добар тренер“, предвиде Мурињо во 2019 година.

Се вчитува...