Нема запирање – Јакимовски погодува, Вашингтон Стејт победува

Андреј Јакимовски и Вашингтон Стејт продолжуваат со импресивни игри на стартот од НЦАА-сезоната, во седмата средба стигнувајќи и до својата седма победа. Тимот на македонскиот суперталент синоќа го пречека составот на Преири Вју, декласирајќи го со убедливи 90-62.

Прашањето на победникот беше решено уште по првото полувреме што Вашингтон Стејт го доби со 47-30, погодувајќи рекордни за нив сезонава осум тројки. Јакимовски и соиграчите не се опуштија, продолжија да доминираат до самиот крај и заслужено стигнаа до седмиот триумф во низа.

Македонскиот репрезентативец мина на теренот 29 минути, период во кој реализираше 11 поени (три тројки), четири скока, една асистенција и една украдена топка.

Се вчитува...