Следните две седмици ќе бидат резервирани за репрезентациите, а во пресрет на овој нов предизвик интересна изјава даде Бенжаман Павар.
Дефанзивецот е редовен член на француската репрезентација, односно во него голема доверба има селекторот Дидие Дешамп кој воедно му овозможи да дебитира во националниот тим во 2017 година. Поради сето ова и изградениот однос, Павар порача дека е подготвен и да умре на теренот само да му помогне на Дешамп.
„Ние сме блиски. Ако има нешто да се каже, ќе ми каже. Тој е важна личност, дојде да ги гледа натпреварите кога играв во Штутгарт кога никој не ме гледаше. Многу му должам. Немам никаква дилема, би умрел за него на теренот“, порача членот на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА