Српскиот интернационалец Немања Матиќ изненади многумина минатото лето со трансферот од Рома во француски Рен, но очигледно сето тоа се покажа како добар потег.
Матиќ одлично се снајде во Лига 1, па по квалитетни изданија стигна и понудата од еден од најдобрите француски клубови Олимпик Лион.
Лион е во потрага по фудбалер од средниот ред, а како што пренесуваат француските медиуми, прв пик е токму Немања Матиќ. Србинот, според информациите, е подготвен да ја промени средината и покрај фактот дека засега Рен не сака да го ослободи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА