Немања Прибак на Нант му „предвиде“ финале во ЛШ!

Македонскиот репрезентативец Немања Прибак беше еден од ретките што му предвиде финале на Нант и на Кире Лазаров. Како стручен комемнтатор на Арена спорт, Прибак пред почетокот на првиот полуфинален меч меѓу Нант и ПСЖ најави дека дебитантот ќе игра во големото финале иако ПСЖ важеше за голем фаворит во овој дуел. На крај се покажа точна неговата прогноза, Нант го победи ПСЖ со 32-28 и утре ќе игра за европска титула.

Прибак го предвиде и го посака и победникот од вториот полуфинален меч меѓу Вардар и Монпелје …

„Мислам дека Нант ќе го победи ПСЖ и ќе гледаме финале Вардар – Нант. Не ги скам многу оние скапи тимови како ПСЖ и сакам да победи Нант. Во другото полуфинале навивам за Вардар, се разбира“ – рече Немања Прибак пред стартот на полуфиналните дуели.

Предвидувањата на поранешниот бек на Вардар се исполнија за првото, а се надеваме ќе се исполнат и за второто полуфинале.

Се вчитува...