Немаше кој да даде гол(ови) на „Арената“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На дуелот меѓу Работнички и Ренова во рамките до 16. коло на Арената „Тодор Проески“, немаше само голови. Шанси, возбудувања, удари имаше, но стрелците денеска не беа расположени. Имаа и малку среќа двата тима, особено Ренова со оглед дека Бајрами спасуваше од гол линијата, и може да се нарече дека е човек на натпреварот.

Инаку двата тима одиграа добро по едно полувреме. Ренова беше подобра во првото, Работнички во второто, но на крајот исходот е без голови.

Работнички и на летвртиот меч по ред не успева да го најде патот до противничката мрежа, а Ренова по минатонеделниот пораз од Академија Пандев, сега не успеа да израдува на триумф.

Се вчитува...