Немили сцени во Англија: Полицијата нападната од 100 озлогласени хулигани (ВИДЕО)

Навивачите на Легија Варшава повторно предизвикаа немили сцени на фудбалските терени. На синоќешниот натпревар од Лигата на Европа против Лестер, околу 100 хулигани од Варшава се впуштија во пресметката со полицијата на трибините.

Полјаците уште еднаш покажаа дека се едни од најжестоките ултраси во Европа, сами предизвикувајќи нереди откако тргнаа во напад на полицијата.

Навивачите на Легија Варшава најпрво се одлучија да се пробијат до трибината со навивачи на Лестер, а потоа се судрија и со полицијата.

Лестер славеше на натпреварот со 3-1 издвојувајќи се на врвот од табелата во групата со осум бода, пред Спартак Москва и Наполи кои имаат по седум бода, а Легија е последна со шест бода. Лестер ќе игра со Наполи во последното коло, а Легија на домашен терен го пречекува Спартак од Москва.

Се вчитува...