Немоќта на Реал – еден шут на гол за 90 минути игра

Во таборот на Реал Мадрид можат да бидат презадоволни од исходот на денешниот дуел со Челси ако се земе во предвид немоќта на „кралевите“ во противничкиот шеснаесетник.

Најдобар доказ за тоа е фактот дека Реал во текот на 90-те минути игра упати само еден единствен удар во рамките на голот на Менди, оној кога Бензема го израмни резултатот на 1-1. „Кралевите“ ја имаа улогата на домаќини и логично беше тие да бидат тимот што повеќе ќе притиска за да стигне до триумф, но од голот на Бензема па се до самиот крај на мечот не беше создадена ниту една единствена шанса за гол.

Причини има многу, од промашената формација на Зидан со која „кралевите“ долго се мачеа да ја извадат топката од сопствената половина, дефанзивниот состав со петмина класични дефанзивци и Бензема и Винисиус изолирани во нападот… но јасно е дека Реал ќе мора да игра многу, многу подобро ако сака да се пласира во големото финале.

Се вчитува...