Нено Димитријевиќ е најдобар стрелец, Хап најдобар блокер во квалификациите за Евробаскетот

Македонија одамна не изгледала вака моќно против еден посериозен противник од кошаркарска Европа како што тоа беше случај во Сосновиец против селекцијата на Полска, која на гостински терен беше демолирана со „плус 25“. И колку и да беше очигледен напредокот во одбраната, најголемите заслуги за овој голем триумф одат на адресата на Ненад Димитријевиќ, извонредниот плејмејкер кој светската класа што ја демонстрира во силната ВТБ-лига само ја потврди и во репрезентативниот дрес.

По првите два натпревари против Естонија и Полска, македонскиот бек е најдобриот стрелец во квалификациите за Евробаскет 2025 година. Има 57 поени кои ги постигна за 35.1 минута на теренот. Нено има просек од 28.5 за два одиграни натпревари. Тој на оваа топ листа е пред Клемен Препелиќ, кој е на второто место, додека пак третата позиција му припаѓа на Торнике Шенгелија.

Новиот Американец во македонскиот дрес е Итан Хап е најдобар блокер, има пет блокади, исто колку и Тригви Хлинасон од Исланд.

Се вчитува...