Нено Димитријевиќ повторно во идеалната петорка на ВТБ лигата (ВИДЕО)

Блесокот на Ненад Димитријевиќ на натпреварот против ЦСКА Москва му донесе ново место на Македонецот во идеалната петорка на ВТБ лигата за периодот помеѓу 4. и 10. март.

Македонскиот репрезентативец во овој период настапи на два натпревари, а забележа просек од 31 поен, 4.5 асистенции и 3.0 скокови за ефиканост од 35 па го најде своето место покрај Октавиус Елис од Уралмаш, Мело Тримбл од ЦСКА Москва, Си Џеј-Брајс од Парма Перм и Томас Ертел од Зенит.

Се вчитува...