Нено Димитријевиќ со победа стартуваше во Еврокупот

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, имаше одлично деби во Еврокупот со дресот на Арис, предводејќи го грчкиот тим до убедлив триумф од 87:74 на гостувањето кај Ле Ман.

Димитријевиќ уште на стартот се наметна како еден од клучните играчи во Арис кој во Еврокупот има големи амбиции. Тој беше дел од првата петорка на вечерашниот натпревар и за 20 минути поминати на теренот имаше учинок од осум поени, и по четири скокови и асистенции.

Грчкиот тим лошо го отвори натпреварот, имаше двоцифрена негатива (28:15), но потоа следеше серија од 0:12 со која резултатски се врати во натпреварот.

Во второто полувреме, Арис ја потврди фаворитската улога, ја доби третата четвртина со 15:24 и ги реши сите дилеми околу победникот.

Најпрецизен кај Арис беше Лидер со 19 поени, а Робинсон-Ерл и Толиопулос дадоа по 13 поени, додека кај Ле Ман Стјуард јуниор даде 17 поени.

Се вчитува...