Нено диригира, Уникс доминира: Ново изедначување во полуфиналето на ВТБ лигата

Уникс Казањ ја изедначи полуфиналната серија против Локомотив Кубањ во ВТБ лигата на 2-2 со триумф од 68-85 во четвртиот натпревар.

За разлика од претходните два натпревари во кои тимот предводен од македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ претрпе пораз, овој пат беше на врв на својата задача. Уникс текот на средбата ја најави уште по првата четвртина која ја доби со 12-21, а веќе на полувремето имаше предност од +16 (30-46) со што беше решена дилемата за победник.

Македонецот одигра нов натпревар во кој го предводеше својот тим по бројот на поени реализирајќи 20 со 6/9 во обидите за два, 1/3 во обидите за три и 5/6 од линијата за слободни фралња. Покрај тоа плејмејкерот постигна и шест асистенции, четири украдени топки и три скокови.

Се вчитува...