Најдобриот македонски кошаркар на денешницата, Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во плеј-офот во Бундеслигата откако денеска на домашен терен славеа со убедливи 101-80 против Триер.
Гостите подобро го отворија натпреварот и имаа плус шест 20-26 по првиот период. Сепак, избраниците на Светислав Пешиќ се сконцентрираа во продолжението и на крајот стигнаа до убедлив триумф од 101-80.
Димитријевиќ одигра одличен ол-араунд меч во кој постигна 13 поени, надополнети со пет скока и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
