Нено и Баерн со „метла“ за Бон до финале во германскиот шампионат

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со својот Баерн Минхен ќе се бори за шампионската титула во елитната лига. Баерн вечерва оствари убедлива победа на гостински терен кај екипата на Бон со 57-77. Со овој триумф тимот затвори полуфиналната серија со 3-0.

Димитријевиќ на паркетот мина скромни 14 минути поради високата предност на својот тим. Тој натпреварот го заврши со ефект од три поени, четири скокови и една асистенција.

Во големото финале Димитријевиќ и Баерн Минхен го чекаат подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Бамберг и Алба Берлин.

Се вчитува...