Нено не може секогаш се сам: Пораз на Уникс од Парма Перм

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ иако повторно беше најдобар на теренот не успеа да донесе победа за неговиот Уникс Казањ откако актуелниот шампион во ВТБ лигата беше поразен на гостувањето кај Парма Перм со минимални 82-80.

Клучна во натпреварот беше последната четвртина во која иако гостите влегоа со предност, домаќините подобро се снајдоа во одлучувачките моменти и на крајот стигнаа до конечен триумф од 82-80.

Димитријевиќ со 24 поени, надополнети со три скока и четири асистенции повторно беше најдобар поединец на теренот, додека кај победникот со 20 поени завршија Џонсон и Брајс.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...