Необичен рекорд – напаѓачот на Олимпик Марсеј не ја допре топката!

Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Костас Митроглу се запиша во фудбалската историја со еден необичен рекорд. Во ремито на гостувањето кај Анжи во француската Лига 1, 30-годишниот грчки фудбалер имаше само три допири со топката за 45 минути колку што беше во игра!

Да биде впечатокот комплетен, еден од тие три допири со топката беше и првото додавање од центарот на стартот од мечот.

Митроглу беше во стартната постава на Олимпик Марсеј, но по исклучително пасивното издание, на полувремето беше заменет со Лукас Окампос.

Откако се собираат вакви статистички информации од фудбалските натпревари од сезоната 2006/2007 нема друг фудбалер со толку слабо издание за 45 минути игра.

Инаку, Костас Митроглу има само три гола во 18 одиграни натпревари од почетокот на оваа сезона.

Се вчитува...