Неочекуван дебакл на футсал репрезентацијата на вториот тест со Португалија

Неочекуван дебакл на футсал-репрезентацијата на Македонија на вториот пријателски натпревар против Португалија.

По првиот израмнет тест дуел меѓу двете селекции кој заврши со победа на Португалците од 3-1 само благодарение на двата гола во финишот на мечот, денеска на вториот пријателски натпревар Македонија неочекувано загуби со убедливи 9-0. Португалците веќе по првото полувреме имаа предност од 6-0, во вториот дел постигнувајќи уште три погодоци за повеќе од успешна финална подготовка пред европскиот шампионат.

Двата натпревари за Португалците беа последна подготовка пред Европското првенство кое стартува во недела.

Се вчитува...