Неочекуван херој: Мораеш го закопа Веспрем, пред да замине во Унгарија

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

 

Не можеше да биде поемотивен натпревар за Рожерио Мораеш, неговиот последен меч во дресот на Вардар беше против новиот клуб Веспрем.

Сепак, во спортот во вакви ситуации нема место за сентименталност, па токму Бразилецот беше „џокерот“ од ракавот на Парондо во ова финале. Од самиот почеток тргна импресивно, двапати го лобуваше Миклер и го најави своето извонредно издание.

Како што минуваше времето, тој максимално ги користеше шансите, па на крајот го заврши финалето со шест гола од исто толку обиди.

Подобро простување од Вардар не можеше да посака. А дали во Веспрем ќе му го простат ова, тоа е и најмалку важно во моментов.

Се вчитува...