Неочекуван подарок од Борусија Дортмунд за Мајнц

Мајнц направи скок надвор од опасната зона во борбата за опстанок откако оваа екипа неочекувано лесно и убедливо ја совлада Борусија Дортмунд со 3-0. За потсетување, Мајнц лани во последното коло ремизираше во Дортмунд, исход поради кој „милионерите“ не стигнаа до титулата, па се очекуваше тимот на Терзиќ во најмала рака достојно да се спротивстави на денешниот дуел.

Тренерот на Борусија направи бројни измени во тимот, а гостите од Дортмунд во првото полувреме му ја подарија победата на домашниот состав, примајќи три гола во првите 25 минути. Особено смешен беше вториот погодок, кога голманот Мајер му ја подари топката на Ли, кој немаше тешка задача да ја смести во мрежата.

Мајнц со оваа победа се искачи на 15. место на табелата кое значи опстанок, со два бода предност во однос на Унион Берлин на 16. место кое води во баражот со третопласираната екипа од Втората лига.

Се вчитува...