Неочекуван проблем: Иско оди на операција на слепо црево

Реал Мадрид ќе биде без Иско во следниот месец. Клубот објави дека играчот од средниот ред ќе оди на операција на слепото црево. Тој се пожалил на болки за време на денешниот тренинг и лекарскиот тим констатирал дека се работи за акутно воспаление на слепото црево и тој веднаш е префрлен во болница.

Иско дефинитно нема да игра следните два натпревари за Реал, утре против Севилја и на градското дерби в недела против Атлетио Мадрид.

Операцијата е рутинска, но на Иско ќе му биде потребно време за задравување и ќе се врати во тимот кога ќе биде комплетно подготвен, соопштуваат од клубот.

Се вчитува...