Неочекуван проблем за Лацио и Гатузо

Лацио  најпријатно изненадување во Серија А сезонава, римскиот тим се наоѓа на чело на табелата, но тренерот Гатузо се соочи со неочекуван проблем по повредата на капитенот Матео Закањи.

Овој фудбалер се повреди при последната победа над Каљари, првите прогнози беа дека станува збор само за удар, но деталните прегледи покажаа дека има кинење на мускулни влакна кои ќе бараат целосно мирување од најмалку три седмици.

Закањи најверојатно ќе паузира до крајот на месец ноември, а проблем за Гатузо е што капитенот нема да може да помогне на дербито претстојниот викенд, и тоа на гостински терен против Наполи.

„Лацијалите“ по десет одиграни рунди се наоѓаат на чело на табелата со 28 бода, три повеќе од Интер и „плус четири“ во однос на третопласираната Рома.

Се вчитува...