Не е исклучено Осман Дембеле сепак да остане во Барселона и после крајот на сезоната. Меѓутоа, клубот нема намера да го моли и очекува тој да го направи првиот чекор и да покрене иницијатива за продолжување на договорот.
Според каталонски „Спорт“, Дембеле веќе размислува да седне на маса и да ја договори својата иднина со Жоан Лапорта.
Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната, а во зимскиот трансфер период преговорите за продолжување на соработката пропаднаа.
Французинот одигра одлично синоќа во Ел Класико, а каталонските медиуми тврдат дека после мечот им рекол на своите соиграчи „останувам“.
𝑺𝒆𝒓 𝒅𝒆𝒍 𝑩𝒂𝒓𝒄̧𝒂 𝒆́𝒔 𝒆𝒍 𝒎𝒊𝒍𝒍𝒐𝒓 𝒒𝒖𝒆 𝒉𝒊 𝒉𝒂 pic.twitter.com/UQeKl7AqC5
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) March 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА