Ноечкуван расплет околу ситуацијата на Тео Ернандез, кој на почетокот на оваа сезона дресот на Милан го замени со Ал Хилал од Саудиска Арабија. Ернаднез беше еден од најдобрите играчи на „росонерите“ во изминатите години, и сега е на пат да се врати на „Сан Сиро“, ако им се верува на италијанските медиуми.
Францускиот репрезентативец за 25 милиони евра замина во Саудиска Арабија, меѓутоа после само 12 месеци минати во овој клуб, би сакал да се врати во Италија.
Во јануари имаше шпекулации дека Французинот ќе се врати во Италија, и тоа во дресот на Јувентус, но до тој трансфер не дојде. Според информации блиски до фудбалерот, тој е незадоволен од животот вво оваа земја, и силно посакува да направи „кам-бек“ во Серија „А“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
