Неочекувано: Хрват станува најплатениот фудбалер на „екс-ју“ просторите

Марсело Брозовиќ ова лето заминува од Интер по осум и пол години и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија каде ќе настапува заедно со Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Хрватот притоа ќе стане и најплатениот фудбалер на просторите на поранешна Југославија со годишни примања од 20 милиони евра, осум милиони евра повеќе отколку што му е договорот со Интер, или еден милион повеќе од сумата која ја заработува Лука Модриќ во Реал Мадрид.

Брозовиќ кој настапи на 330 натпревари за италијанскиот прволигаш, а постигна 31 гол и 43 пати асистираше до соиграчите веќе подолго време се поврзува со заминување од „Сан Сиро“ каде и покрај тоа што има договор до 2026 година големата плата создава и големи проблеми за „нероаѕурите“.

Се вчитува...