Неочекувано: Отпишаната ѕвезда на Реал Мадрид го продолжува договорот

Подзаборавената ѕвезда на Реал Мадрид, Марсело беше на излезна врата од таборот на „кралевите“. Веќе на големо се шпекулираше дека бразилскиот интернационалец ќе го напушти тимот, иако пред неколку дена стана најтрофеен играч на Реал, и помогна во освојувањето на 35. титула.

Но, сега се случува пресврт. Марсело по завршувањето на сезоната ќе нема договор, но Реал Мадрид сака да му ја продолжи соработката на уште една година.

Марсело речиси во големиот дел од сезоната не беше во прв план, но во финишот на сезоната се врати на терените, пружаше добри партии и затоа нема да биде изненадување ако кралскиот клуб му понуди нова соработка.

Најверојатно нов договор ќе добие и Лука Модриќ, додека пред заминување се Иско, Герет Бејл и Лука Јовиќ.

Се вчитува...