Неочекувано: Црвена Звезда се раздели со Нејт Волтерс

Црвена Звезда ја доби неверојатната мајсторка против лутиот ривал Партизан во АБА лигата со што покрај трофејот го осигура своето место во Евролигата следната сезона, но само неколку дена по славјето остана без услугите на бекот Нејт Волтерс.

Американецот поради неодложливи и итни причини веќе заминал за САД и нема да се врати во редовите на „црвено-белите“ за продолжението од сезоната и битката за трофеј во српското првенство кое за Црвена Звезда почнува против Мега.

Се вчитува...