Неочекувано заминување: Дечиќ со нов тренер ќе го дочека Силекс во ЛК

Црногорскиот тим Дечиќ, кој е противник на Силекс во Лигата на Конференции го смени тренерот на само пет дена пред првиот натпревар кој се игра во Тузи, Црна Гора.

Ненад Брновиќ се раздели со екипата поради заминување во странство, потврди клубот од Црна Гора. Во следните часови екипата ќе назначи нов тренер кој ќе ја води екипата на двомечот со Силекс.

Се вчитува...