Неоправдано отсутен: Роналдо се јави со „фотка“ и мотивациска порака

Лионел Меси ја доби наградата “The Best” за најдобар светски фудбалер за 2019 година, а на гала-вечерата во Милано не беше присутен Кристијано Роналдо. Португалецот и во минатото (што беше случај и со Меси) знаеше да биде отсутен кога немаше да ја добие главната награда, па истото беше случај и на оваа церемонија.

И додека Меси со своите најблиски го прославуваше најновото индивидуално признание, Роналдо се јави преку својот инстаграм профил со фотографија како чита книга, во друштво на својот син. Под фотографијата Кристијано објави и мотивациска порака.

„Трпението и упорноста се двете карактеристики кои ги разликуваат аматерите од професионалците. Денеска се е големо, пред некој ден тоа било мало. Не можеш да направиш буквално се, но направи се што можеш за да ги претворис твоите соништа во реалност. И запомни – после ноќта секогаш доаѓа зората“ – напиша Кристијано Роналдо.

 

Се вчитува...