Непобедлив: Тухел му набива комплекс на Реал Мадрид

Томас Тухел испиша историја со вечерашното реми во Мадрид станувајќи прв тренер што водел екипа на пет натпревари против Реал, притоа не губејќи ниту еден меч од „кралевите“.

Германецот ја доби тактичката битка со Зидан и сосема заслужено остана непоразен на овој полуфинален меч, зголемувајќи ги шансите на Челси за пласман во големото финале. Ова беше четврто реми на Тухел против Реал, Германецот има и еден триумф, а искусниот стратег се надева дека серијата ќе продолжи и на реваншот следната среда на „Стемфорд Бриџ“.

Воедно, со скорот од четири реми и еден триумф Тухел е единствениот стратег против кого Зидан има водено најмалку пет натпревари, а нема забележано ниту една победа.

Се вчитува...