Грузија доаѓа до предност од 0-1 со голот на Кваратчкелија во 74. минута откако умешно многу брзо ја искористија играта со фудбалер повеќе на теренот на националната арена „Тодор Проески“ во 4. коло од Лигата на нации.
Претходно, клучниот момент беше непотребно „луксуз“ на Столе Димитриевски кој во 68. минута истрча надвор од својот шеснаесетник и играше со рака во обид да спречи акција на противниците. Димитриевски веднаш доби директен црвен картон, па на местото на Несторовски во игра влезе Шишковски. А, Грузијците по само неколку минути игра сето тоа го искористија за водство од 0-1…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА