Неповторливиот Фергусон: Ги казнил играчите, па им напишал стихотворба за да ги извести…

Името на Алекс Фергусон се поврзува со бројните успеси на овој трофеен стратег со Манчестер јунајтед, но Ферги претходно многу успешно го водеше и тимот на Абердин, со кој бележеше звонредни резултати во шкотското првенство.

Во Абердин со гордост ги чуваат сеќавањата на методите на Ферги, кој секогаш знаел како да го извлече најдоброто од своите фудбалери. Една од анегдотите се однесува и на казна на играчите од по три фунти, откако пред едно гостување фрлале топки од хотелските прозорци. Финансискиот дел од казната е симболичен, но затоа начинот на кој е објавена е оригинален – откако Ферги им напишал кратка стихотворба за да ги извести.

„Ќе забележите по чекот за плата дека ве казнив со по три фунти, заради фрлање на топките од десетти кат во хотелот. Знам дека не ви се допаѓа, можеби и ви се гади, но не ме обвинувајте мене, туку оној кој го направи тоа“ – им напишал Ферги на своите фудбалери од Абердин, со предупредување дека доколку се повтори нешто слично нема да следи казна, туку едноставно нема да има ниту чек за плата за земање.

Се вчитува...