НЕПОВТОРЛИВО: Бројките на Роналдо во дресот на Реал

Кристијано Роналдо денеска му кажа збогум на Реал Мадрид, а бројките што ги остава Португалецот зад себе како член на европскиот првак најдобро покажуваат зошто тој важи за најдобар фудбалер на денешницата, рамо до рамо со Лионел Меси.

Кристијано има одиграно 438 натпревари во дресот на Реал, притоа постигнувајќи 450 погодоци. Ова е просек од повеќе од еден гол по натпревар, или гледано од временски аспект, Роналдо постигнувал гол за секои 84 минути игра во дресот на „кралевите“.

Тој шансите ги претвора во голови со одлична ефикасност, па педантните статистичари пресметаа дека Роналдо реализирал 21% од своите вкупни шутеви, или поточно речено,во просек  за помалку од пет удари од противничкиот гол тој успевал да го најде патот до мрежата.

Бројки што се неповторливи за фудбалските смртници, и кои само покажуваат дека Кристијано Роналдо е фудбалски Бог.

Се вчитува...