Неповторливо: Меси го даде „голот на кариерата“, цел стадион му аплаудираше

Лионел Меси имаше свое шоу на гостувањето против Бетис, со хет-трик носејќи победа на Барселона од 1-4. Првиот гол беше ремек-дело од слободен удар, вториот беспрекорна реализација по генијалната асистенција на Луис Суарез, но оној третиот дефинитивно ќе остане запаметен како еден од најубавите во целата кариера на Лионел Меси.

Го знаеше тоа и публиката на стадионот во Севилја, па секунди по ова генијалност на трибините се погласно и погласно се слушаше „Меси, Меси…“. Скандирањето траеше речиси цела минута, колку што траеше и прославата на овој неповторлив погодокот на аргентинскиот фудбалски генијалец.

Се вчитува...