Неповторливото „Ел Класико“: Барса со сласт се потсетува, Реал уште го „пече“

Приврзаниците на Барселона со задоволство се потсетуваат на вечното дерби против Реал Мадрид од пред точно 11 години, кога каталонскиот гигант на „Сантијаго Бернабеу“ го понижи големиот ривал со 2-6. Рамос и Марсело се уште се дел од Реал од таа генерација на „кралскиот клуб“, додека Меси и Пике се уште го носат дресот на Барселона.

Дербито почна одлично за Реал, откако Игуаин во раната фаза од мечот го доведе домаќинот во водство, но Анри го израмни резултатот за Барселона. Каталонците направија пресврт со погодокот на Пујол, а на одмор се замина со резултат 1-3 откако и Лео Меси го најде патот до мрежата на Касилјас. Серхио Рамос намали на 2-3 на почетокот од второто полувреме, но намето камбек на домаќините им се случи фијаско, откако Анри, Меси и Пике погодија за конечни 2-6.

Барса на тој начин ја заокружи извонредната сезона во која освои двојна круна во Шпанија, а го крена и трофејот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...