Федералното истражно биро (ФБИ) и Меѓународниот центар за полициска соработка (ИПЦЦ) открија дека евидентирале повеќе сериозни закани по животот на капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси.
Еден од најдраматичните инциденти се случил пред натпреварот меѓу Аргентина и Јордан. Непознат маж телефонски го контактирал аеродромот во Далас, тврдејќи дека тој и уште две лица планираат да се инфилтрираат на настанот вооружени со бомби и пушки за да извршат атентат врз фудбалската ѕвезда.
Слична, но уште поексплицитна закана била упатена и пред дуелот со Египет. На социјалните мрежи била споделена порака во која се заканувало дека напаѓач со експлозивна направа ќе влезе на стадионот со единствена цел да го убие Меси. Поради оваа објава, безбедносните служби веднаш прогласиле висок степен на аларм и извршиле детален контрадиверзиозен преглед на целиот стадион. Полицијата и безбедносните агенции будно ја следат ситуацијата и ги засилија мерките околу аргентинската експедиција за да се спречат какви било инциденти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
