„Непријателски“ пречек за Борозан, аплаузи за Штербик и за Мораеш (ФОТО)

Арпад Штербик и Рожерио Мораеш добија силен аплауз од навивачите на Вардар за време на преставувањето на екипите пред натпреварот од 10. коло во групната фаза меѓу „црвено-црните“ и Веспрем.

Сосема спортивен беше пречекот за Вуко Борозан кој во текот на минатата сезона го напушти Вардар, а оваа настапува за унгарскиот состав. Навивачите не му го простија овој потег на црногорскиот интернационалец.

 

Се вчитува...