НЕПРИКОСНОВЕН: Ѓоковиќ го „збриша“ Димитров за седми трофеј во Париз!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ дојде до седмиот свој трофеј на АТП Мастерсот во Париз победувајќи го денеска без никакви проблеми во големото финалето Бугаринот Григор Димитров.

Од почетокот на големото финале во Париз беше јасно дека Ѓоковиќ е цврсто решен да дојде до титулата. Така и се случи, во само два сета победувајќи со 6-4 и 6-3.

По израмнетата игра на стартот брзо дојде до првиот брејк па го доби првиот сет со 6-4, а сосема идентично мина и вториот сет за конечна победа по час и половина игра.

Ова е јубилејна 40-та Мастерс титула за Новак Ѓоковиќ во кариерата.

Се вчитува...