НЕРЕАЛНИ СЦЕНИ – ОГРОМЕН СКАНДАЛ: Тенисер го пцуеше судијата и кршеше се пред себе (ВИДЕО)

Американскиот тенисер Тристан Бојер имаше сериозен инцидент на Челенџерот во Италија, каде што беше исфрлен од теренот по испад кон судијата.

Сè се случи на крајот од натпреварот против Даниеле Рапангета, кога Бојер ја изгуби контролата по изгубен сервис и почна да беснее.

Прво, имаше вербален напад врз судијата, со тешки навреди, а потоа целосен хаос – Американецот почна да го крши рекетот и да го удира судиското столче.

Судијата реагираше со опомена, но ова само дополнително го разбесни Бојер, кој не престана со своите испади.

Поради неговото однесување, мечот беше прекинат, што автоматски значеше крај на натпреварот и дисквалификација на Бојер.

Се вчитува...