Нереално, но вистинито: Фудбалер на Билбао шест години нема пропуштено натпревар во Ла Лига!

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, одигра 224 последователни натпревари во Ла Лига за својот клуб без да пропушти натпревар во период од шест години. Ова е едно надреално постигнување во модерниот фудбал, кога голем број на фудбалери се обременети и од повреди и од суспензии.

Вчера на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао, како дел од 32. коло од шпанската Ла Лига, Атлетик го пречека тимот на Селта и за жал на домашните навивачи беше поразен со 2:0.

Вилијамс се појави и на овој меч во составот на Баскијците за да го запише својот 224 натпревар по ред за Атлетик. Вилијамс е во Билбао од 1 јули 2015 година. Напаѓачот оваа сезона ги одигра сите 32 натпревари во Примера, постигнувајќи седум гола и три асистенции.

 

 

 

Се вчитува...