Нерешено во Струмица на полувреме: АП Брера ги казни многуте „утки“ на Силекс (ВИДЕО)

АП Брера и Силекс на полувреме во натпреварот од 12. коло играат нерешено 1-1. Силекс имаше повеќе шанси, но не ги искористи, а голманот Илоски беше феноменален меѓу стативите на домашниот тим.

Многу шанси имаше Алиќ, но секогаш Илоски излегуваше како победник. Во 19. минута по досуден пенал, Мирчевски успеа да го совлада Илоски и да му донесе предност на тимот од Кратово.

Кога се чинеше дека Силекс ја има контролата, и дека во соблекувална ќе замине со предност, една навидум безопасна акција и шут на Михаилов од 20 метри по земја го совлада Божиновски за 1-1. Практично кратовци беа казнети за многуте промашени шанси со кои можеа да имаат предност и од 2-3 разлика.

Се вчитува...