Нервозниот Ноле: Шутираше реклами, урликаше, се бодреше… (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ никогаш не ги криел емоциите на терен. Но, се чини, тоа што го правеше за време на четвртфиналниот меч против Беретини на Ролан Гарос е премногу и за него

Откако мечот беше прекинат во четвртиот сет затоа што публиката не сакаше да ги напушти трибините поради полицискиот час, Ѓоковиќ во продолжение „пукна“ и победи. Но, во текот на мечот и шутираше банери, и викаше кон трибините и својот тим, и нервозно коментираше…

А, по победничкиот поен испушташе и животински „крикови“ дерејќи се кон својот тим: „Што е бре? Што е бре? Одиме, бре!“.

По натпреварот на прес-конференција ги објасни и своите емоции.

Условите беа специфични поради публиката. Овој стадион со навивачите доби душа, имаше емоции и секогаш е така кога се тие на натпреварите. Ова беше страшно тежок меч до последниот поен“ – рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...