Несекојдневен потег на Интер: Во „војна“ со медиумите

Интер вечерва од 20:45 часот гостува на Фиорентина во Серија А. Од Интер пред овој натпревар се одлучија на несекојдневен потег откажувајќи ја прес-конференцијата за медиумите. Причина за тоа се критиките кон тренерот Антонио Конте.

„Како би испратиле јасна порака до сите медиуми дека мораат да гарантираат почит кон луѓето, се одлучивме да нема прес-конференции“ – соопштија од Интер.

„Нераѕурите“ пред овој дуел влегуваат од првото место со 38 освоени бода. Фиорентина е на 13. место на табелата во Серија А.

Се вчитува...