По само девет минути на теренот во Струга се случи измена. Но, не на играчите, туку на судиите.
Благојче Ралевски, кој беше делегиран како главен на овој натпревар, не можеше да го продолжи мечот. Тој во 7. минута побара лекарска помош, но не можеше да продолжи, па две минути подоцна имаше замени на арбитрите.
Сега главен судија ќе биде Јован Качевски, кој на овој меч беше четврти судија, а сега ќе ја има улогата на „главен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
