Барселона не успеа да стигне до победа и на трет натпревар по ред во Ла Лига. Каталонскиот тим на „Камп Ноу“ ремизираше 1-1 против Атлетик Билбао. Тренерот Ернесто Валверде одлучи да го стартува натпреварот без Лионел Меси, и тој ризик на крајот му се удри од глава.
Оскар де Маркос во 41.минута го шокираше актуелниот првак и донесе водство за Атлетик Билбао. Во вториот дел во игра влезе и Меси, кој асистираше за израмнувачкиот погодок на Мунир Ел Хадади во 84.минута од средбата. Ова е второ реми во серија за Барселона на домашен терен, а трет меч без победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА