Неславен крај за Венус Вилијамс на Австралија опен

Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс неславно се збогуваше од Австралија опен.

Во 2. коло доживеа жестока елиминација со освоен само еден гем против квалификантката од Италија, Сара Ерани.

Венус загуби со 1-6, 0-6, во меч во кој 41-годишната ветеранка на крајот од првиот сет заработи и повреда на зглобот. Го продолжи мечот, но во вториот сет не успеа да освои ниту еден гем.

Се вчитува...