Неславен рекорд за Меси во ПСЖ, ги „искрши“ стативите и пречките низ терените во Франција

Лионел Меси има скромна дебитантска сезона како член на Пари Сен Жермен. Очекувањата од него беа огромни со оглед на партиите кои тој 15-тина години ги прикажуваше во дресот на Барселона, но Меси освен што не успеа да му помогне на тимот да стане европски првак, немаше ни среќа.

На вчерашниот меч со Троа, Меси ја погоди рамката на голот и тоа е рекорден десетти пат сезонава да шутне во статива или пречка. Во поновата историја на француското првенство никој друг играч немал толку стативи и пречки во една сезона.

Меси има четири гола во француската лига, а 10 погодени рамки на гол.

Се вчитува...