Неславниот рекорд на Килијан Мбапе против Баерн

Килијан Мбапе блескаше на првиот меч во Минхен, но овојпат дефанзивците на Баерн многу подобро си ја завршија работата, фаќајќи го францускиот репрезентативец во офсајд во ситуации кога тој е најопасен, втрчувајќи во отворен простор.

Мбапе го заврши натпреварот со дури шест офсајд-ситуации, нов неславен рекорд во Лигата на Шампионите, но мора да се истакне дека во првото полувреме помошниот судија направи две огромни грешки, кревајќи го знаменцето иако Французинот очигледно не е во офсајд, воедно и непочитувајќи ги сугестиите да пушти акцијата да продолжи, па евентуалниот офсајд да биде разгледуван со ВАР.

Овој неславен рекорд дефинитивно брзо ќе се заборави бидејќи најважно за Мбапе и соиграчите е што го елиминираа Баерн и се пласираа во полуфиналето од ЛШ.

Се вчитува...