Неславниот рекорд на Куман – Барса никогаш не загубила три домашни меча во низа… до денеска

Барселона покажа апсолутна немоќ на натпреварот против Баерн што каталонскиот гигант заслужено го загуби на домашен терен со убедливи 0-3.

Роналд Куман постави неславен рекорд, бидејќи ова е првпат во клупската историја Барселона да загуби три домашни натпревари во Лигата на Шампионите. За трагедијата да биде уште поголема, трите порази се со по три гола разлика (Јуве со 0-3, ПСЖ со 1-4 и Баерн со 0-3), како јасен доказ колку многу заостанува Барса зад најдобрите европски клубови во моментов.

Каталонците немаа ниту еден шут во рамките на голот на противникот, што е првпат вакво нешто да се случи на меч на „Камп Ноу“ во ЛШ уште од 2003 година.

Куман ќе има полни раце работа, но тешко е да се поверува дека за кратко време ќе успее да состави тим и колектив способен да се носи со гигант како Баерн Минхен.

Се вчитува...